Прекин на водоснабдување на 14 август во делови од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, врз основа на добиено известување од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, ја информира јавноста дека на четврток, 14 август 2025 година, ќе има прекин на водоснабдување во одредени делови на општина Карпош поради технички интервенции на водоводната мрежа.

Поради дефект на затворач на улицата Никола Русински бб, кај објектот на АД Пошта на РСМ, без вода ќе останат корисниците на оваа улица. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае сè до завршување на санацијата.

Во исто време, поради изведување на нов водоводен приклучок со профил од 150 мм на улицата Козле бр. 132, прекинато водоснабдување ќе има и во делови од улиците Козле, Јуриј Гагарин, Мокра, Кораб и Струшка. Работните активности ќе започнат исто така во 09:00 часот, а водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено по нивното завршување.

Дополнително, поради овие интервенции, со намален притисок на вода ќе бидат населбите Трнодол, Жданец и Нерези.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје апелираат до граѓаните за разбирање и препорачуваат навремено прилагодување на домашните и деловни обврски според најавениот прекин.

Сподели ја објавата