Прекин на водоснабдување утре во делови од Козле, Волково и околните населби

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре (четврток), поради изведба на водоводен приклучок со пречник Ф-150 мм на ул. „Козле“ бр. 132, ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците на следниве улици:

  • дел од ул. „Козле“
  • дел од ул. „Јуриј Гагарин“
  • „Мокра“
  • „Кораб“
  • „Струшка“

Со намален притисок на вода ќе бидат и населбите Трнодол, Жданец и Нерези.

Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Сподели ја објавата