Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во одделни региони се очекува повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури се движат од 7 до 13 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 14 до 22 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Ќе дува слаб северен ветер, минималната температура ќе изнесува 13, а максималната 22 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во наредните денови ќе продолжи променливото време со чести сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер.