Општина Гази Баба продолжува со реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Његош“ во населеното место Колонија. Како што соопштуваат од општината, по претходните градежно-занаетчиски зафати што опфатија молерисување, санација на ѕидовите и освежување на внатрешниот простор во училиштето, фокусот е ставен на целосно подобрување на спортската сала – простор кој е клучен за физичкиот и менталниот развој на учениците.
„Оваа реконструкција е дел од нашата поширока заложба за создавање современи и безбедни образовни услови за нашите ученици. Спортот не само што придонесува за здравјето, туку ги учи младите на тимска работа, дисциплина и фер-плеј – вредности кои се темел на секоја здрава заедница.“ стои во соопштението на Општина Гази Баба.