Средба со граѓаните во Колонија

При денешниот увид во градежните активности во Колонија, градоначалникот Бобан Стефковски имаше можност да оствари средба со жителите на ова населено место.

Тој ги информираше дека по долги години, Општина Гази Баба донесе Детален урбанистички план за Колонија – значаен чекор што не само што создава нови можности за граѓаните, туку отвора пат и за реконструкција на Домот на културата.
Покрај реконструкцијата на главната улица, на директно барање на жителите, ќе бидат изградени и пристапни пешачки патеки – затоа што безбедноста на граѓаните е наш приоритет.

Извор:gazibaba.gov.mk

Сподели ја објавата