Стојкоски ќе ги претстави резултатите од својот четиригодишен мандат

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски вечерва ќе ги претстави резултатите од својот четиригодишен мандат пред граѓаните.

Стојкоски ќе ги презентира реализираните проекти, инвестициите во инфраструктурата, јавните услуги и мерките кои го подобрија квалитетот на живот во општината.

Граѓаните ќе имаат можност да се информираат директно за постигнатото и за идните планови, како и со свои идеи и сугестии да учествуваат во креирањето на локалната политика за следните години.

Ваквиот начин на презентација на сработените проекти е пракса во Општина Ѓорче Петров во текот на мандатот на Стојкоски, како дел од континуираниот процес на транспарентно и отчетно работење.

Настанот е предвидено да се одржи на платото пред новата општинска зграда во 20 часот.

Извор:opstinagpetrov.gov.mk

Сподели ја објавата