Според последните податоци за бројот на регистрирани гласачи, во Македонија вкупно 1.832.415 граѓани имаат право на глас. Бројките по општини откриваат значителни разлики – од мали средини со едвај неколку илјади гласачи, до најголемите градски општини со десетици илјади избирачи.
Најмногу гласачи на ниво на Македонија има регистрирано на територијата на Општина Битола и тоа 94.041 гласач. Во однос на општините кои се составен дел од Град Скопје, најмногу гласачи има регистрирано во Општина Аеродром – 68.772 гласачи. Следи Гази Баба со 61.438 гласачи и Чаир со 58.458 гласачи. Во скопски Карпош регистрирани се 56.856 гласачи.
Од друга страна на ниво на Република, најмалку гласачи се регистрирани во Лозово и тоа 1.905 гласачи. Од скопските општини, најмалку гласачи се регистрирани во Општина Шуто Оризари.