Со ова ќе се обезбеди квалитетно и сигурно решение за отпадните води, ќе се намали ризикот од загадување на животната средина, а жителите конечно ќе добијат современи услови за нормално функционирање во нивните домови.
Инвестициите во инфраструктурата не се само цевки и бетон – тие се инвестиции во здравјето, удобноста и квалитетот на животот на секој жител.
Заедно со граѓаните, чекор по чекор, градиме посовремена и поуредена општина, затоа што секое маало заслужува подобри услови за живеење!
Извор:gazibaba.gov.mk