Во населбата Хиподром на дел од улицата „Никола Киров Мајски“, започнавме со изградба на фекална канализација и нова водоводна линија

Со ова ќе се обезбеди квалитетно и сигурно решение за отпадните води, ќе се намали ризикот од загадување на животната средина, а жителите конечно ќе добијат современи услови за нормално функционирање во нивните домови.

Инвестициите во инфраструктурата не се само цевки и бетон – тие се инвестиции во здравјето, удобноста и квалитетот на животот на секој жител.
Заедно со граѓаните, чекор по чекор, градиме посовремена и поуредена општина, затоа што секое маало заслужува подобри услови за живеење!

Извор:gazibaba.gov.mk

Сподели ја објавата